Маричиќ секој ден проверува дали ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за преговори, вели Ковачевски

t

ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на нивниот став искажан јавно за учество во процесот на уставни измени, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Роковите се во рамки на веќе договорената Преговарачка рамка, посочува тој, но ние не сакаме да носиме избрзани решенија. Ковачевски вели дека разговорите на работните групи меѓу власта и опозицијата за уставните измени се уште не се почнати.

-Ние ќе им дадеме простор да учествуваат во овој процес. Нормално процесот заради нивната нерешителност нема да застане. Гледате дека на оваа тема се води расправа и јас имав заедно со Маричиќ состанок со невладините организации, брифинг со медиумите, состаноци на телата на партиите, партнерите од нашата коалиција веќе кажаа дека за нив е прифалив влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата. Значи се се тоа претпоставки кои водат кон едно заедничко решение на овој многу важен процес, за којшто имаме поддршка како никогаш досега од сите наши стратешки партнери и САД и земјите членки на ЕУ, изјави Ковачевски.

За тоа до каде се разговорите со ВМРО- ДПМНЕ, премиерот рече дека вицепремиерот за европски прашања секој ден се јавува во опозициската партија за да види дали се подготвени да разговараат.

-Кога ќе има позитивен одговор тој ќе ве информира, рече Ковачевски.

Тврди дека тој нема комуникација со било кој пратеник, без разлика од која политичка партија е, надвор од процесите на Собранието.

Тој рече дека Владата во наредниот период ќе ги разгледа во детали материјалите од Министерството за правда доставени од работната група и тие потоа ќе бидат доставени до Собранието.

-А Собранието согласно со обезбедени услови за гласање ќе ја организира и својата работа. Ова е процес за којшто не треба да се брза, рече Ковачевски, додавајќи дека не ни треба избрзано решение и оти тој се уште се придржува до тој пристап на работа.

-Без избрзување, секој да може да се вклучи во овој многу важен процес затоа што како државата ќе продолжи понатаму ќе и требаат уште стратешки важни одлуки со двотретинско мнозинство. Скринингот веќе почна да покажува недостатоци во многу области на државата. Гледате што се случува во судството. Ќе треба да се прават реформи. Тоа се се двотретински закони, истакна Ковачевски.

На прашање дали е подготвен да се пробијат роковите, премиерот рече дека Преговарачката рамка е многу јасна и се работи согласно тие рокови. Посочува дека го прифатил барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да важат со одложено дејство.

-Прифатив да важат од моментот на одржувањето на втората меѓувладина конференција. Така е согласно со Преговарачката рамка. ВМРО-ДПМНЕ не може да поставува услови надвор од Преговарачката рамка, потенцира Ковачевски.

Повтори дека пратениците имаат обврска да работат согласно претходните одлуки на Собранието. -Претходната одлука со која е усвоена Преговарачката рамка е изгласана со 68 пратеници „за“ без ниту еден против. Ако имале нешто против требале да останат во сала и да гласаат против. Не е херојство да избегате. Тоа не е начин којшто вие кажувате дека сте против нешто, потенцира Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашања до каде е процесот на уставни измени, тој повтори дека е многу важно оти ја нема таа реторика предавници и браник.

-Таа лидерска средба на 7 јуни во Клубот на пратеници покажа дека СДСМ и коалициските партнери се на вистинскиот пат и носат вистински одлуки во однос на евроинтеграциите на државата. Клучен заклучок од таа средба е што ВМРО-ДПМНЕ јавно од нивниот претседател проф. д-р Христијан Мицкоски пред медиумите кажа дека немаат никаков проблем и не се против промената на Преамбулата на Уставот и внесување на други делови од народи вклучително и бугарскиот народ. Второ, тој таму го потврди легитимитетот на Собранието да носи вава одлука бидејќи тоа беше спорно претходно и легитимитетот на Владата да предложи таква одлука со оглед на тоа дека јавно на камери кажа дека сака ДПМНЕ да биде дел од Владата со 50 проценти министерски места кои ги иам СДСМ, рече Ковачевски.

Потсети и дека ДУИ прифатила да не биде дел од таа Влада, но рече и дека АА и Беса му даваат дополнителен простор на ВМРО – ДПМНЕ бидејќи изјавија дека нема да влезат во таква Влада.

-ВМРО ДПМНЕ може да има сериозен број на министри во таа Влада. Јас не знам што се случи после тоа бидејќи сите ја имате таа прес-конференција. Во текот на следниот ден, на осми имаше прилично неконзистентни ставови од страна на различни претставници на ВМРО ДПМНЕ за потоа да почнат повторно да се повлекуваат, вели Коачевски.

Според него, сега тие излезот го гледаат во нарачани анкети.

Според одлуката на Централниот одбор на СДСМ, посочи тој, ние имаме формирано работна група и, како што вели, таму е местото каде што треба да се договорат деталите за она што беше договорено на лидерската средба, бидејќи таму беа поставени главните контури и деталите во однос на датумите и.т.н треба да се договорат.

-Од друга страна го имаме процесот на уставни измени. Работната група ги изготви. Гледате дека никој не разговара за предлог измените и нивната содржина. Ги прочита претседателката на работната група и никој немаше забелешка. Зошто? Бидејќи тие се промени кои не задираат во ниту едно идентитетско прашање и овозможуваат внесување на други делови од народи во Преамбулата при што потоа Македонија ги продолжува отворањето на Поглавјата и кластерите и својот пат на европските интеграции. И затоа ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на нивниот став искажан јавно за учество во овој процес, изјави Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…

Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…