Објавено на:

КРЕМЉ ГИ ИСТРАЖУВА ВРСКИТЕ НА ПРИГОЖИН СО ЗАПАДОТ: Лавров разговарал со американскиот амбасадор во Москва

t

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека руските власти истражуваат дали западните специјални служби биле вмешани во саботниот бунт на платениците на „Вагнер“.

Лавров додаде дека разговарал со американскиот амбасадор во Москва, кој му рекол дека САД не се вклучени во вооружениот бунт на платениците на „Вагнер“.

Како што јави Тасс, Лавров додаде дека САД се надеваат на безбедноста на рускиот нуклеарен арсенал.

Бунтот на „Вагнер“ го почна нејзиниот шеф Евгениј Пригожин, до неодамна многу близок соработник на рускиот претседател.

Лавров, исто така, го цитираше американскиот амбасадор во ставот дека бунтот во саботата на платениците на „Вагнер“ е внатрешна работа на Русија.

Бунтот што почна во ноќта меѓу петокот и саботата во Ростов на Дон го предводеше лично лидерот Пригожин, чии сили главно беа вклучени во уништувањето и окупацијата на украинскиот град Бахмут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Андоновски: Ниту еден дата-центар нема да има…

На денешната седница за пратенички прашања во…

Изречена казна за скопјанецот кој исфрли градежен…

Казнет е скопјанецот кој бил снимен како…

Облачно и постудено време со дожд –…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…