Објавено на:

„Верстка“: Белорусија почна да гради кампови за 8.000 „вагнеровци“

t

Рускиот опозициски весник „Верстка“ објави дека Белорусија почнала да гради кампови за борците на приватната воена компанија „Вагнер“.

-Камповите ќе бидат лоцирани во регионот Могилев во Белорусија, на приближно 200 километри од границата со Украина и ќе можат да примат осум илјади борци, пренесуваат руските медиуми.

Регионалните власти на Могилев, наводно, добиле инструкции да започнат со изградба на кампови.

Според изворот на „Верстка“, ќе има неколку кампови, од кои едниот ќе биде лоциран во близина на градот Осиповичи. Роднините на оние од групата „Вагнер“ потврдија дека платениците ќе бидат испратени во Белорусија.

-Вооружениот бунт во Русија заврши откако беше постигнат договор, во кој очигледно посредуваше Белорусија, објавија руските медиуми. Шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин се согласил да ја напушти Русија и да замине во соседна Белорусија, објави во саботата портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска и Шведска ги критикуваат Финска и…

Ретко покажување на неединство се појави меѓу…

ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗАБРАНА НА ЕМИТУВАЊЕТО НА…

Поради долгогодишно кршење на медиумските закони и…

Контролори од УЈП примале часовници и очила…

Обвинение за даночни контролори и инспектори од…

До 16 часот гласале 55,7 отсто од…

Излезноста на парламентарните избори во Израел до…

Приведено лице осомничено за двете убиства во…

Едно лице осомничено за двете убиства во…