Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката кај Дабиле
Четириесет и седум годишниот А.Ѓ. од струмичко Бориево го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу 21:15 часот се случи на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово.
Во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од А.Ѓ. и автомобил „фиат“, управуван од Р.М. (31) од село Костурино, струмичко, двете со струмички регистерски ознаки.
-Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ., а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а возачот Р.М. се здобил со телесни повреди, информира МВР.
Увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…