Објавено на:

Русите го потврдија доаѓањето на папскиот пратеник во Москва

t

Кремљ ги цени напорите на Ватикан да помогне во решавањето на украинската криза, изјави портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, потврдувајќи го пристигнувањето во Москва на папскиот пратеник за мировни преговори.

Високо ги цениме напорите и иницијативите на Ватикан и го поздравуваме стремежот на Папата да придонесе за крај на вооружениот конфликт“, рече Песков на редовниот брифинг. Тој рече дека советникот на Путин за надворешни работи ќе разговара со пратеникот, кардиналот Матео Зупи, на барање на Путин.

Ватикан соопшти дека Зупи денеска и утре ќе биде во главниот град на Русија. Целта на оваа иницијатива е да се поттикне чувството за хуманост што може да придонесе за решавање на моменталната трагична ситуација и да се изнајдат начини за постигнување праведен мир, се вели во соопштението на Ватикан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав предупредува на ризик од „апокалипса“…

Ватикан предупреди на ризикот од „откривање“ што…

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…

Повеќе од 100.000 шверцувани цигари од Египет…

Две лица се уапсени на туристичкиот остров…

20-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на…

Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа…

Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора…

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска…