Објавено на:

Златно дете: Девојчето со крофни од Нови Сад собра пари за лекување на татко ѝ

t

По вчерашната вест за единаесетгодишното девојче, Нина Нинковиќ од Нови Сад како продава крофни за да собере пари за лекување на својот болен татко, денеска на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат бескрајни редови од луѓе кои стојат во ред за крофни пред нејзиниот штанд.

Мајката на Нина објави дека парите се собрани и дека Нина и денеска ќе продава крофни, а потоа ќе замине во Москва на лекување на нејзиниот татко.

-Не се плашиме од патувањето таму, најдовме луѓе кои ќе ни помогнат, собираме уште неколку документи и одиме таму да предадеме се и да видиме, а потоа ќе објавиме во која болница сме, а преку социјалните мрежи ќе објавиме што колку чини и ќе контактираме со сите ако ни требаат пари, а ако има премногу пари ќе ги поделиме на другите корисници на фондацијата, изјави за Телеграф мајката на Нина.

Девојчето го воодушеви регионот со идејата да продава крофни за да собере пари за операцијата на нејзиниот татко, а крофните ги печеле нејзината мајка и баба. Нина ги продаваше по цена од 100 динари.

Толку голем број новосаѓани денеска чекаа на ред да и помогнат на малото девојче да собере пари за нејзиниот татко, а активирана е и СМС линија за донирање пари.

-Отпрвин сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнам на тато и да соберам пари што е можно поскоро за неговите лекови. Така почнав да продавам за него, вели малото девојче кое продаде 500 крофни во едно попладне, колку што имаше на нејзиниот штанд.

Блиц вчера напиша дека сега им е потребна помош во подготовката на крофните, кои се продаваат побрзо отколку што може да ги направи нејзината мајка, но сега и соседите се понудиле да помогнат.

Во 2016 година, таткото на Нина го изгубил видот поради одлепување на мрежницата. Во март повторно му се појавила болеста, а животот на Зоран бил загрозен, пишува Блиц.

По лекувањето во Србија, на Зоран му е потребна помош за да може да замине на лекување во Москва. Потребни се средства за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лекување во земјата и странство, како и за патни трошоци и сместување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

Москва и Вашингтон го осудија атентатот врз…

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до…

(Видео) Се запали авион на „Делта“, а…

Авион на „Делта ерлајнс“ се запали веднаш…