ЕВЕ ГИ ГИ ГАРАНЦИИТЕ: ШОЛЦ ГАРАНТИРА ДЕКА БУГАРИЈА НЕМА ДА НЀ БЛОКИРА НА ПАТОТ КОН ЕУ

t

Пристапниот процес на Македонија треба да биде редовен согласно напишаното на хартија и не треба да има нови условувања, кои се однесуваат на билатералната состојба, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес – конференција со премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија, пренесува МИА.

-Ќе бидам јасен. Тоа е јасно договорено, и треба да биде редовен пристапен процес според постапките кои се управуваат од ЕУ. Тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба. Јас гарантирам за тоа, рече канцеларот Шолц на новинарско прашање за коментар дали е прифатлива за него изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени, кои се утврдени во преговарачката рамка, се само прелиминарен услов за земјава и дека со нив не се исцрпени сите услови за државата да ја почне втората фаза од преговорите.

Шолц порача дека уставните измени се од централно значење за да се ослободи патот на Македонија кон ЕУ и дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ-перспективата на земјава.

Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бараше гаранции од Европската унија дека Бугарија доколку ги донесеме уставните измени нема повеќе да не блокира на патот кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…