ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО РУСИЈА ПО БУНТОТ НА „ВАГНЕР“? Украински разузнавачи тврдат дека има отворена војна меѓу кулите на Кремљ
Во тек се судири помеѓу припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и на Министерство за одбрана, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ХУР) Андриј Черниак.
– Според нашите процени, веќе има отворена војна меѓу така наречените кули на Кремљ, што ќе резултира со физичка ликвидација на водачите на конкурентските фракции – изјави Черниак.
Тој додаде дека бунтот на паравоената група „Вагнер“ ја разоткри слабоста на рускиот претседател Владимир Путин и ги охрабри руските елити да се борат меѓу себе за моќ.
Медиумите, исто така, сугерираат дека бунтот предизвикал тензии меѓу политичкото и военото раководство на Русија.
Си-ен-ен претходно соопшти дека одредени личности меѓу руските разузнавачи и воениот персонал можеби биле предупредени за бунтот и одлучиле да не се мешаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав предупредува на ризик од „апокалипса“…
Ватикан предупреди на ризикот од „откривање“ што…
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Повеќе од 100.000 шверцувани цигари од Египет…
Две лица се уапсени на туристичкиот остров…
20-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на…
Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа…
Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска…