ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ E ПАТОТ БРЕЗНИЦА – МАКЕДОНСКИ БРОД: Ќе се асфалтира коловозот
Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод низ НП Јасен, денеска се забранува секаков вид сообраќај во период меѓу 8 и 15 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ.
Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Струга – Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 – асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целосно затворање на сообраќајот од 10 до 14 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8.07.2023.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…