Би-Би-Си: Вагнер и натаму во Русија регрутира нови членови
Групата Вагнер и натаму спроведува регрутирање во своите канцеларии низ Русија, и покрај последиците од вооружениот бунт што се случи во текот на викендот, јави Би-Би-Си.
Од агенцијата посочуваат дека користејќи руски телефонски број се јавиле во повеќе од десеттина центри за регрутирање и се распрашале за зачленување.
Сите центри, како што наведуваат од Би-Би-Си, одговорија дека процесот на регрутирање се одвива како и досега, а од неколку канцеларии дури нагласија дека новите членови потпишуваат договори со платеничката група, а не со руското Министерство за одбрана.
„Работиме, да. Да се сменеше нешто, ќе ни кажеа. Но, нема ништо“, јасно посочи регрутерка во Краснодар, на југот на Русија. Еден човек од канцеларијата во Волгоград рече дека во случај на апликација, платеникот може да биде распореден во област веќе следниот ден и додаде дека сега можна дестинација е и Белорусија“, јави Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОАЕ воведе санкции за најголемата државна банка…
Централната банка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
ПО ТРИНЕДЕЛНА БОРБА ПОЧИНА 13-ГОДИШНИОТ ИЗБОДЕН ВО…
Три недели лекарите се бореa за животот…
Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…
„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…