Внатрепартиски избори во ДУИ во недела

t

Демократската унија за интеграција ја известува јавноста дека на 2 јули – недела ќе одржи внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиски тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес, во недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес.

Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на ограноци, членови на раководството на ограноците, претседатели на локалните подограноци и членови на раководството на локалните подограноци, процес кој ќе го води Партиската изборна комисија.

Примената на овој модел при изборот на партиските органи го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција.

Демократската унија за интеграција им посакува успех на сите кандидати во изборната трка на 2 јули.

На крајот на овој демократски процес, победници ќе бидат сите, бидејќи општото добро, придонесот за неговото остварување и ефикасната служба кон граѓаните се несомнено наша заедничка мисија, соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…