ЛИЦЕМЕРНО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера протестираа против Предлог-Закон кој самите веќе еднаш го поддржаа!

t

Пратеничката од коалицијата на СДСМ, Санела Шкријељ, на Фејсбук го коментираше присуството на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот протест во организација на МПЦ-ОА против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Шкријељ открива дека пратеници од сите партии , на седницата одржана на 8 март годинава, гласале “ЗА” заклучоците меѓу кои и донесувањето на законот за родова еднаквост и воспоставување на Секретаријатот за родова еднаквост до крајот на 2023 година.

-На 8 Март оваа година, се оддржа првата пленарна седница посветена на родовата еднаквост, напредокот и предизвиците. Еден од главните предлог заклучоци беше донесувањето на законот за родова еднаквост и воспоставување на Секретаријатот за родова еднаквост до крајот на 2023 година.

“За” гласаа пратеници/чки од сите партии, вклучително и:

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

Бети Стаменкоска Трајкоска

Дафина Стојаноска

Драган Ковачки

Јадранка Поцкова

Лидија Петкоска и многу други.

Тажно е да ги гледам на денешните слики на протест против истиот тој закон, особено да ги гледам колешките со кои бевме и на дебата во организација на МТСП за тој закон и за кој тогаш, освен неколку технички, немаа ама баш никакви коментари.

И да ја цитирам колешката Маја Морачанин

“Ако ние сега, со 42,5% жени во Собранието не направиме значителен исчекор во унапредувањето на родовата еднаквост, ќе сносиме одговорност за потчинетата положба на жените во македонското општество.” – напиша Шкријељ на Фејсбук.

Во продолжение листата од пратеници кои гласале за заклучоците:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: За принципи се разговара јавно, за…

- За принципи се разговара јавно. За криминални…

Ова се сите 18 пратеници на СДСМ…

СДСМ на последните парламентарни избори освои 18…

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да…

Не планирам да вршам притисок врз медиумите,…

Мицкоски: Очекувам албанските коалициони партнери да имаат…

Очекувам коалиционите партнери Албанци да имаат разбирање…

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…