Зеленски нареди да се зајакне границата со Белорусија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди денеска да се зајакне безбедноста на границата со Белорусија поради пристигнувањето на борците на паравоената група Вагнер во таа земја.
„Со одлука на Генералштабот, на врховниот командант (Валери) Залужни и на генералот (Серги) Најев им беше наредено да ја зајакнат границата за да се обезбеди мир“, рече Зеленски во видеото емитувано на Телеграм.
Тој рече дека денеска украински и странски разузнавачки служби, како и граничари, го информирале за ситуацијата во Белорусија.
По неуспешниот бунт во Русија пред една недела, шефот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин се согласи да замине во егзил во Белорусија благодарение на посредништвото на белорускиот претседател Александар Лукашенко, сојузник на Москва.
Според договорот, борците на Вагнер имаат избор да заминат во Белорусија, да се пријават во редовната руска армија или да се вратат во цивилниот живот.
Украинските власти во неколку наврати изјавија дека стравуваат од напад од Белорусија, каде што се стационирани руски војници. Сепак, белоруските војници не се директно вклучени во инвазијата што ја започна Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум земји-кандидатки за ЕУ, меѓу кои и…
Европската унија одлучи да додаде 25 физички…
Од Европа само Македонија и Белорусија не…
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја…
Стејт департментот со предупредување до Американците да…
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…
Лукашенко: Во Белорусија има десетици нуклеарни боеви…
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потврди дека…
Белорусија стана држава-партнер на БРИКС
Белорусија стана земја партнер на БРИКС, објави…