Објавено на:

,,Одлуката за нуклеарното оружје ја носи сенилен старец од онаа страна на океанот”

t

Желбата на полското раководство Варшава да се вклучи во програмата за нуклеарна размена на НАТО, која претпоставува распоредување на американски нуклеарни бомби на териториите на други држави, се заканува тоа оружје навистина да биде искористено, имајќи предвид дека денес на челото на Полска се наоѓаат „патентирани дегенерици“, кажа за ТАСС поранешниот претседател на Русија и сегашен заменик претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Тој на овој начин ги искоментира медиумските написи дека премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, побарал Варшава да се приклучи на таа иницијатива на Алијансата. Тоа би било одговор на разместувањето на руското тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија, бидејќи Полска, како што кажа Моравјецки, не сака да седи со скрстени раце.

„Конечно, на радост на сите безумници (имајќи го предвид дури и тоа што конечната одлука ја носи сенилен старец од онаа страна на океанот), таквото оружје (нуклеарно) ќе биде применето. Но во сето тоа има и нешто позитивно. Ќе ги снема сите Дуди, Моравјецки, Качински и останати нечисти сили, но, за жал, ќе исчезнат и други…“, напиша Медведев на Телеграм.

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на почетокот на јуни соопштија дека се очекува на 7 и 8 јули да биде завршена изградбата на објектите за распоредување на руско нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, по што тоа целосно ќе биде разместено во новите објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…