Генерал на НАТО: Никогаш не треба да ги потценувате Русите
Шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, изјави дека руската специјална воена операција во Украина не довела до радикално намалување на воено-техничките можности на Руската Федерација, пренесува АП.
-„Никогаш не треба да ги потценуваме Русите и нивната способност да возвратат“, рече тој.
Според него, меѓу другото, за време на специјалната воена операција „не бил намален потенцијалот на руската морнарица и воздухопловните сили“. Во тој поглед, алијансата ќе продолжи да ја „смета Руската Федерација за сериозна закана на море, во воздух и во вселената“, нагласи Бауер.
Вооружените сили на Руската Федерација сè уште имаат „многу, многу големи способности“, вклучително и во нуклеарната сфера, посочи тој.
Претходно Бауер рече дека вооружените сили на Украина имале проблеми за време на контраофанзивата и предупреди дека таа ќе биде многу тешка и долга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…