Телефонски разговор Зеленски-Шолц: Координација пред самитот на НАТО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц за „координација на позициите пред самитот на НАТО во Вилнус и форматите на идните безбедносни гаранции за Украина“.
Зеленски на социјалните мрежи напиша дека го информирал Шолц за состојбата на бојното поле, разговарале за неодамнешните настани во Русија и Белорусија, како и за моменталната состојба на договорот за жито и важноста од неговото продолжување.
– Ви благодариме за важните сигнали за поддршка на Украина на Лондонската конференција за закрепнување и состанокот на Европскиот совет. Особено сум благодарен за активното спроведување на претходниот одбранбен пакет од 2,7 милијарди евра и за повеќегодишниот план за поддршка на одбраната на Украина од 8,8 милијарди евра, напиша Зеленски.
Тој нагласи дека состанокот на ниво на советници во Копенхаген е важен чекор кон имплементација на Формулата за мир и додаде дека ќе продолжи активната работа во оваа насока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…
Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…