Радев контра Зеленски во негово присуство: Не се согласувам со испорака на оружје, треба да седнете на маса!
Бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе се постигне мир и додаде дека не се согласува да испорача оружје на Украина од резервите на бугарската армија.
Според него, конфликтот кој е во тек добива сосема други размери. Покрај тоа, тој изјави дека е загрижен за настаните околу нуклеарната централа Запорожжја и можната радиоактивна контаминација.
„Конфликтот се претвора во војна на трошење, глобален економски конфликт, кој влијае на економијата не само на Украина, туку и на сите европски земји и ја зајакнува социјалната тензија. Сè уште тврдам дека овој конфликт нема воено решение. Година и пол чекаме да се појави решение, но не се појави. Важно е да се обрне внимание на напорите насочени кон деескалација, прекин на огнот и барање мирно решение преку дипломатски средства. Знам колку е тешко, но според мене сите заедно мора да бараме такви решенија. Се надевам дека што поскоро ќе видиме мирно решение“, изјави Радев во разговорот со украинскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…