Агелер: Принципите што ги споделуваме ќе го водат напред сојузот помеѓу САД и Македонија
Американската амбасада во Скопје вечерва ја одбележа 247. годишнина од независноста на Соединетите Американски Држави.
На одбележувањето се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер која зборуваше за основачите на САД, за демократијата, за принципите, но и за партнерството со Македонија.
-Стремежот продолжува до овој ден, кога се соочуваме со стари и со нови предизвици. Така е и со нашиот сојуз, пријателството и сојузништвото помеѓу САД и Македонија. Никогаш нема да го постигнеме недофатливото, „совршениот“ сојуз. Но принципите што ги споделуваме, предизвиците со кои се соочуваме – не сами, туку заедно – ќе го водат нашиот сојуз напред, во истраен стремеж кон напредок, просперитет и безбедност, рече Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…