Захарова: Сметаме дека иницијативата на Вучиќ за седница на СБ на ОН за Косово е навремена
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Русија ја разгледува навремената иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ за одржување седница на Советот за безбедност на ОН во врска со влошувањето на ситуацијата на Косово и Метохија и додаде дека Москва ја дели оценката на Вучиќ за актуелна кризна состојба.
Захарова посочи дека секој чекор кон решение на ситуацијата во Косово, како и дијалогот меѓу Белград и Приштина, мора да се води во рамките на меѓународното право врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, објавено е на веб-страницата на Руското МНР.
На новинарско прашање за влошување на состојбата на Косово, Захарова рече дека ситуацијата излегува од контрола и дека постои непосредна закана за опстанокот на српскиот народ на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…