Зеленски од Турција се врати со пет заробени команданти од Азовстал
Петмина украински воени команданти кои беа заробени од Русија пред нешто повеќе од една година украинскиот претседател Зеленски ги врати дома.
Војниците беа ослободени во септември 2022 година и однесени во Турција, каде што требаше да останат до крајот на војната, според договорот меѓу Русија и Турција.
Се работи за петте команданти на баталјонот Азов, кои за време на опсадата на градот ја бранеа железарницата Азовстал во Мариупол, која на крајот падна во рацете на Русија во мај 2022 година.
Враќањето на петте украински команданти од Турција е „директно кршење на размената на затвореници“ со посредство на Анкара минатата година, соопшти Русија.
„Враќањето на лидерот на Азов од Турција во Украина не е ништо друго туку директно прекршување на условите на постоечките договори“, изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…