ЛУЃЕ ПЛАТИЛЕ КАРТА ДА СЕ ЗАБАВУВААТ, А 50 „ПЛАВЦИ“ ГАСАТ МУЗИКА – наводно рутинска полициска контрола во скопска дискотека ги вознемирила гостите
На фејсбук се појавија реакции околу настан кој се случил синоќа во популарната скопска дискотека PURE, кога полиција дошла да врши рутинска контрола, но тоа траело многу долго и им ја одзело целата забава на гостите, иако тие платиле „солена“ карта за да се забавуваат.
Данијел Апостолоски напиша.
„Тоа што се случи синоќа во дискотека “PURE” го нема најверојатно никаде во светот.
Државичкава ни се испразни, млади нема ни за лек, дефицит од секаков аспект…а полиција тренира строгочу и на овие малку што останаа.
Да влезеш во дискотека со 50 наоружени и униформирани лица, при тоа надвор да чекаат уште толку, да гасиш музика од 00:30ч до 2:15ч и сите да ќутат и да чекаат полицијата да си ја заврши “работата”, а платиле карта да се забавуваат, е безмалку репресија и заплашување какво што сигурен сум дека на други места не се демонстрира. Еееј странци воодушевени од дискотеката, го фалат диското дека е со најјак stage и влагаат 50 плавци да изиграваат кловнови. Како да им објасниш на луѓево дека рутински било тоа, а не е акција за антитероризам како што изгледа?
Сивило владее во сите сфери на општеството, апатија вклучена на најјако…не знам кој уште сака да биде тука и да го трпи сево ова. Неиздржливо е и мизерно.
Ја однесовте државава со се партали, натанкиравте породично благо за десет поколенија и правите театар за мачкање очи, као вие водите држава нешто.
Свесно го уништувате животот на секој млад човек. И за тоа сте директно виновни. Ќе треба и еден ден да кажете зошто ја украдовте младоста на илјадници млади перспективни момци и девојки. Или ќе се дигнеме сите за да опстоиме или гасете светло и да си бегаме. Ова не се трпи веќе. Брука! Брука белосветска!“, пишува овој млад човек на својот фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…
Цеца на одмор била… Затвореник примил пакет,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(41),…
(Видео) Драма во Мостар: Турист скокна од…
Неодговорното однесување на странскиот турист можело да…
Ле Фигаро: Русија го зазеде клучното литиумско…
Руските сили ја презедоа контролата врз областа…
Украина тврди дека само во мај Русија…
Организацијата за забрана на хемиско оружје во…