Објавено на:

Сунак дециден и контра Бајден: Немаме намера да испратиме касетна муниција во Украина

t

Британскиот премиер Риши Сунак и американскиот претседател Џозеф Бајден денеска разговараа за одлуката на Вашингтон да испорача касетна муниција на Украина. Британскиот премиер за време на состанокот во Лондон потврди дека неговата земја се придржува кон Конвенцијата за забрана на касетна муниција, пренесува Ројтерс.


-„Ние се придржуваме до нашите обврски од конвенцијата, кои вклучуваат спротивставување на употребата на таква муниција. Ние не менуваме ништо во овој поглед, очигледно е дека секоја земја мора да донесе своја одлука“, изјави претставник на британскиот премиер, а пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, претставникот на Сунак додал дека одлуката на САД да испорача касетна муниција на Киев била тешка, но дека е „принудена од Русија“.
На 7 јули Бајден објави дека е донесена одлука за испорака на касетна муниција на режимот во Киев. Претставничката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, истакна дека ваквите испораки ќе ги загрозат цивилите и ќе придонесат за продлабочување на кризата.


Според американската страна, Украина ќе добие касетна муниција М864 од 155 мм за артилерија.
Касетната муниција има голем опсег на дејство, бидејќи се активира во воздухот и расфрла помали бомби. Секоја ракета М864 има 72 мали бомби: 48 М42 противпешадиски и 24 М46 противоклопни.
Тие касети немаат уреди за самоуништување. Според податоците на американската војска, од пет до 14 проценти од ваквите бомби не експлодираат, бидејќи се чуваат долго време. Во тој случај тие практично стануваат мини кои го ставаат на ризик цивилното население, дури и по завршувањето на конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…