Падна договор: Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 10%, вработените ќе добијат и К-15 од 10.000 денари

t

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор.

Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претставниците на синдикатите.

-Договоривме дека новата методологија за пресметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави во изјавата за медиумите по средбата Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

85.000 вработени во државната администрација во септември…

Министерството за финансии соопшти дека е постигнат…

Падна договор: Платите во јавниот сектор ќе…

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за…

До крајот на месецот работодавците треба да…

До крајот на месецот работодавците имаат рок…

Ковачевски се пишмани: Никој не ги намалува…

Работниците и синдикатите да бидат мирни, никој…

По УКИМ и синдикатот на УКЛО-Битола бара…

Синдикалната организација при УКЛО-Битола на прес-конференција побара…