Притворот на Јанакиески му е засметан во затворската казна за Титаник, велат од Кривичниот суд
За одредена затворска казна на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за случајот „Титаник“, денеска од Кривичниот суд – Скопје информираа дека Апелациониот суд при одлучувањето, во казната му го засметал и издржаниот притвор. Тој според нив изнесува 1 година и 9 месеци.
„Во однос на непотврдените информации кои викендов беа лиферувани во јавноста во однос на обвинетиот М.Ј. кој по правосилна пресуда врз основа на ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА за предметот „Титаник“ е спроведен на издржување на казната затвор, Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека:
Во донесената пресуда врз основа на признание на вина со КОК. бр. 7/18 како и во решение на Апелациониот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор СЕ ЗАСМЕТУВА времето поминато во притвор односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци. Што значи дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет, а согласно и со Коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486):
Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)….
….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казна.
Што се однесува до барањето за Вонредно преиспитување на пресудата, истото, по истекот на сите Законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои Второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд на РСМ, како надлежен суд за одлучување по барањето“ стои во соопштението од Кривичниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…
Таткото на Вања останува во притвор!
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…