Пендаровски : Сè додека се негира вистината за Сребреница не може да има помирување

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска упати порака по повод геноцидот во Сребреница. Како што објави претседателот, „геноцидот во Сребреница е најголемо воено злосторство во Европа по Втората светска војна“.

-Масовната егзекуција на над осум илјади босански муслимани, мажи и деца, е колективен неуспех на целиот демократски свет, што не смееме никогаш да ја заборавиме. Не може да има помирување сè додека се негира вистината и сè додека не бидат признаени страдањата и болките. Почит кон жртвите и сочувства на нивните семејства, напиша шефот на државата.

Во геноцидот во Сребреница, откако Армијата на Република Српска го окупираше тој град во јули 1995 година, беа убиени околу 8.000 мажи од градот и неговата околина. Повеќе од 50 лица се осудени на повеќе од 700 години затвор за геноцидот и злосторствата во Сребреница пред Хашкиот трибунал и судовите во Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Сребреница е предупредување за човештвото, Газа…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви…

На денешен ден, 30 години по трагедијата…

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот…

Во Меморијален центар Сребреница во Поточари, БиХ,…

ВМРО-ДПМНЕ го призна геноцидот во Сребреница

ВМРО-ДПМНЕ го призна геноцидот во Сребреница. Во…