Објавено на:

ЗЕЛЕНСКИ БЕСЕН НА НАТО: За Украина ова е незамисливо и апсурдно

t

Пред да слета во Вилнус заедно со својата сопруга Олена за самитот на НАТО, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска остро го критикуваше НАТО затоа што Украина не доби временска рамка за приклучување кон Северноатлантската алијанса.

„Незамисливо и апсурдно е да нема временска рамка ниту за поканата, ниту за членството на Украина. Се чини дека нема подготвеност ниту да се покани Украина во НАТО ниту да стане членка на алијансата “, напиша тој во остра изјава на Твитер.

НАТО отворено објави во 2008 година дека Украина ќе стане членка. Но, алијансата сè уште не кажа како и кога тоа би можело да се случи.

„Сега, на пат кон Вилнус, добивме сигнали дека се разговара за одреден текст без Украина“, додава Зеленски.

Тој нагласува дека текстот се однесува на „повикот да станеме членка на НАТО, а не на членството на Украина“.

„Неодлучноста е слабост. И јас отворено ќе разговарам за тоа на самитот“, порача украинскиот претседател.

Зеленски вели дека без временска рамка за покана на Украина за членство во НАТО, „се остава простор за дискусија за членството на Украина во НАТО во преговорите со Русија“.

„И за Русија тоа значи мотивација да продолжи со својот терор“, додаде Зеленски.

Киев призна дека Украина нема да може да се приклучи на НАТО додека трае војната со Русија – но бара јасен распоред за влез.

https://twitter.com/ZelenskyyUa/status/1678707674811187200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1678707674811187200%7Ctwgr%5E91976886685a400385f0ce3350eba601cf04c6d6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fzelenski-besen-na-nato-za-ukraina-ova-e-nezamislivo-i-apsurdno%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…

Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…

„Платформа 12.05“: Само со вистинско обединување на…

Уште еднаш се потврди дека без вистинско…

Цените на гасот во Европа за првпат…

Цените на гасот во Европа пораснаа за…

Јордан: Уапсени три лица осомничени за нападот…

Безбедносните сили на Јордан уапсиле тројца осомничени…

Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…

Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…