Арсовска: Орце Ѓорѓиевски е фунцкционално неписмен, имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во директна надлежност на градот Скопје – срамота е да плаче
Неписменоста, функционална но и целосна, е главниот проблем на Македонското општество во последниве три децении. За жал, ниту денес, во 21. век не можеме да забележиме тренд на еволуција на писменоста кај државните функционери, напротив, од година во година се повеќе е изразена неписменоста во највисоките редови на централната, локалната и сите останати власти.
Таков е и примерот, за жал, и со градоначалникот на општина Кисела Вода, кој освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување.
Имено, имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје и е во директна надлежност на градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот што ја прифатил ваквата сугестија.
Она што ме радува пак од прес конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС.
Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година. Договор има компанијата „Анизор“ која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале и да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла“ самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност“. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже.
Фејбсук статус на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Две години затвор за Пеце Матевски, условни…
Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…
Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…