Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило

t

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денес го додели и четвртото амбулантно возило наменето за Општина Гевгелија, како дел од проектот „Кон прекугранична област, безбедна за срцето – Heart Safe CBA“ во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Грција.

Од организацијата велат дека ова е последното од четирите целосно опремени амбулантни возила, кои досега беа доделени и на останатите општини опфатени со проектот – Струмица, Радовиш и Валандово.

Новото возило ќе послужи за итните медицински интервенции, а придобивки ќе имаат општините и граѓаните од целиот Југоисток, беше истакнато на примопредавањето на донацијата на која учествуваа директорот на Центарот на Југоисточниот регион, Јован Коцев, директорот на Општата болница во Гевгелија Патрик Матх и градоначалникот на Општината, Андон Сарамандов.

– Верувам дека ова ново амбулантно возило ќе ги подобри условите во болницата и ќе придонесе за навремена и квалитетна медицинска помош за нашите сограѓани. Истовремено тоа значи и подобри услови за медицинскиот персонал. Реализацијата на овој проект е резултат на добрата соработка помеѓу институциите – посочи градоначалникот Сарамандов.

Тој потсети дека Општина Гевгелија во изминатиот период аплицирала со повеќе проекти на повиците за погранична соработка со Република Бугарија и Република Грција и покрај амбулантното возило, предвидени се и други проекти меѓу кои реконструкција на старото школо во Серменин, нов модерен парк, возило за лицата со попреченост, донација од два дефибрилатори за Болницата и граничниот премин, како и еден ЕКГ апарат.

Како Центар овде нема да застанеме, и ќе продолжиме во иднина да реализираме вакви проекти, нагласи директорот на организацијата, Коцев.

– Со набавката на ова ново амбулантно возило придонесуваме кон подобрување на условите за работа на медицинските екипи и побрзо реагирање при итни случаи. Покрај амбулантните возила здравствените домови ќе се здобијат и со амбулантна опрема како ЕКГ апарати, автоматски и полуавтоматски дефибрилатори. Исто така морам да напоменам дека претходно дел од здравствените работници од сите здравствени домови се стекнаа со специјални обуки кои се одржаа во Солун и Струмица, каде се здобија со меѓународни признаени сертификати – рече Коцев.

Проектот се реализира во рамките на „Интерегг ИПА Програма за прекугранична соработка” помеѓу соседна Грција и Македонија за период од 2021-2027, кофинансирана од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички, а ќе биде во времетраење од 24 месеци, со вкупен буџет од 1.217.146 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради силен ветар одлета лимена конструкција од…

Преку Единствениот број за итни повици 112…

Притвор за дилер на кокаин од Гевгелија

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство…

Левица Гевгелија: Над 940.000 евра за одржување…

Локалниот огранок на партијата Левица од Гевгелија…

Затвореник баран со потерница украл возило па…

На 14.08.2024 околу 09.00 часот на локалниот…

Хорор во Марсеј, Франција, полицијата пронашла возило…

Во престрелка во 16-тиот арондисман во францускиот…