Објавено на:

Зеленски призна: Партнерите нема да нѐ поддржуваат со децении

t

Партнерите нема да ја поддржуваат Украина со децении, ако вооружените сили на Украина застанат во место, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.


-„Се зависи од тоа какви ќе бидат нашите акции на фронтот, не е важно само сојузниците да не поддржат, туку и нас, за да бидеме мотивирани. Не можеме само да застанеме, јасно ни е дека нема да не поддржуваат со децении“, рече Зеленски на прес-конференција во Вилнус, а јави ТВ Рада.
Според него, додека Украина не влезе во НАТО, Киев не е заинтересиран да распореди никакви странски вооружени сили во земјата.


„Никој не го поставува тоа прашање (распоредување на странски вооружени сили во Украина). Ниту членките на НАТО, ниту ние не сме заинтересирани да распоредиме странски вооружени сили во нашата земја додека не бидеме дел од Алијансата. Во овој случај, имаме доволно наши вооружени сили, најновото оружје на НАТО е под знак прашалник. Кога ќе станеме дел од НАТО, сигурен сум дека може да бидат повикани да обезбедат безбедност на територијата на други земји“, рече украинскиот лидер.

Зеленски најави дека засега нема конкретни одлуки западните партнери да и снабдат на Украина нови испораки на артилерија.
Тој додаде дека не знае кога ракетите Атакмс може да му бидат предадени на Киев и дека се уште не е донесена одлука.
Претседателот на Украина порача и дека никогаш нема да се согласи на размена на територии за членство во НАТО.


„Никогаш нема да тргуваме со некоја од нашите територии за каков било статус, ниту, пак, ќе ги отстапиме нашите територии или ќе ги тргуваме за замрзнат конфликт. Мојот став им е јасен на нашите партнери“, заклучи Зеленски.


По средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден на маргините на самитот на НАТО, Зеленски на својот канал Телеграм напиша дека постои јасна визија како да се заврши украинскиот конфликт со заедничка победа.
Претходно, Бајден на самитот во Вилнус посочи дека земјите од НАТО се согласиле на самитот на Алијансата да и помогнат на Украина да изгради моќен одбранбен систем „на копно, во воздух и на море“.
Во главниот град на Литванија, Вилнус, вчера почна дводневниот, 74-ти самит на НАТО, на кој учествуваат околу 50 делегации од земјите членки на Алијансата и земјите партнери. Како што е најавено, главна тема на настанот ќе биде поддршката за Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…