Косовската полиција чека наредба за повлекување од северот на земјата
Одлуката за повлекување на полицајците од северот на Косово ќе биде спроведена по наредба на властите, изјавија од косовската полиција за РТВ 21. Од полицијата наведуваат дека ќе се држат до зацртаниот план за ублажување на состојбите на север.
Полицијата наведува дека „има доволен број луѓе за да се обезбеди безбедност на граѓаните на север и истовремено да ја следат состојбата на преминот со Србија“.
Владата на Косово синоќа соопшти дека е подготвена да придонесе за деескалација на ситуацијата на север, со итно намалување на присуството на полицијата во и околу општинските згради за 25 отсто.
Полицијата заедно со ЕУлекс и Кфор ќе ја оцени безбедносната состојба како неопходна, а особено можноста за дополнително намалување на присуството на полицијата во и околу општинските згради“, се вели во соопштението на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…