Бектеши им порача на американските инвеститори дека Македонија е стабилна и безбедна дестинација за нив

t

Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на посетата во САД заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и извршниот директор на НОМА ГАС Бајрам Реџепи, одржаа работен состанок со претставници на Управниот одбор на Американската-централно европска бизнис асоцијација (АЦЕБА) каде ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија.

Министерот Бектеши, како што информираат од Министерството за економија, на состанокот посочил дека САД се еден од најголемите странски инвеститори во земјата и дека успешно работат неколку американски компании од автомобилската индустрија.

Трговската размена и севкупната билатерална соработка меѓу САД и Македонија бележи раст во последната деценија, истакнал Бектеши и додал дека потенцијалите за продлабочување на економската соработка и за зголемување на инвестициите се големи.

Бектеши нагласил дека Македонија е веќе препознаена од страна на други инвеститори како стабилна и безбедна дестинација за инвестирање и ги информираше претставниците на АЦЕБА за можностите и бенифициите за странските инвеститори во земјата.

„Според актуелната законска регулатива, вкупната финансиска поддршка која може да биде исплатена на странските инвеститори во земјата, не може да надмине 50 проценти од висината на реализираните оправдани инвестициски трошоци. Имаме големи олеснувања за странските инвеститори, како што се повратот на инвестициските трошоци, ослободувањето од плаќање комунални такси на локалната самоуправа и такси за земјиште за одобренија за градба, како и олеснувањата во однос на даноците“, истакнал Бектеши.

Министерот посочил дека Владата има воспоставено економска структура за привлекување на нови странски инвестиции која функционира, која испорачува резултати, а за тоа доказ се податоците за историски рекордна вредност на странски директни инвестиции минатата година.

„Владата на Република Македонија постави системски основи на економскиот раст и развој, довербата на инвеститорите ја стекнуваме преку стабилни и транспарентни правила за поддршка на инвестициите, содржани во „Планот за економски раст“ кој беше усвоен во 2017 година. Успеавме да воспоставиме систем на привлекување и поддршка на инвестициите кој ги препознава и задоволува потребите на сите странски инвеститори, истакнал Бектеши пред претставниците на АЦЕБА, додавајќи дека Владата ќе продолжи да работи на подобрување на условите на странските инвеститори кои што веќе работат во земјата, но и на креирање на политики за привлекување на нови.

АЦЕБА е водечка американска бизнис асоцијација фокусирана на соработка со земјите од Централна и Источна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…