Објавено на:

Ле Пен: Немирите во Франција најчество ги прават странци или луѓе со странско потекло

t

Претседателката на пратеничката група на Националното собрание во францускиот парламент, Марин Ле Пен, го посети малиот град Бове, каде што демонстрантите го оштетија општинскиот центар за социјални акции, поштата и продавниците во областа.

Таа вчера разговарала со трговците за инфлацијата, учењето, деловните неуспеси, отплатата на заемите со државна гаранција или придонесите на работодавачот, пишува францускиот весник „Монд“.

Таа брзо ја отворила темата за немирите пред печатот, застапувајќи ја теоријата „разбојникот плаќа, кршачот плаќа“, според која бунтовниците „ќе платат, можеби за целиот свој живот, можеби дури и за предизвиканата штета“, пишува весникот.

„Вложуваме милијарди во градската политика и во реалноста нема резултати“, рече таа, пред да рече дека е „затечена“ од откажувањето на прославите на Националниот ден на 14 јули во неколку општини поради стравувањата од поголемо насилство по немирите по убиството на Наел. М.

При напуштањето на полициската станица, Марин Ле Пен рече дека речиси целиот криминал на улиците го вршат странци или луѓе со странско потекло.

Ова е факт на општеството со кој треба да се соочиме и да го решиме, посочи таа.

На 6 јули, Марин Ле Пен ја повтори главната мерка за која се залага за ставање крај на оваа деликвенција: укинување на автоматското француско државјанство за оние родени во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакр во Франција: Момче го уби газдата,…

Трагедија попладнево ја потресе северна Франција, кога…

Францскиот премиер официјално поднесе оставка, се очекува…

Премиерот на Франција, Мишел Барние, формално му…

Три опции за Макрон по падот на…

Францускиот парламент во средата ѝ изгласа недоверба…

Падна Владата во Франција! Левичарите и десничарите…

Француските пратеници ја соборија владата на премиерот…

Ќе падне уште една влада во Европа?

Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските…