Објавено на:

Украина од партнерите ќе добие воена помош вредна над 1,5 милијарда евра

t

За време на самитот на Алијансата во Вилнус, неделава, странските партнери ветија над 1,5 милијарда евра воена помош за Киев, изјави украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, цитиран од британските медиуми.

„Средбите во Вилнус беа многу продуктивни“, напиша Резников на Твитер по средбата во главниот град на Литванија.

„Украина ќе добие над 1,5 милијарда евра воена помош од нејзините меѓународни партнери“, додаде тој. „Останете на линијата“.

Во твитот Резников споменува дека на самитот во Вилнус седум земји понудиле пакети воена помош, а на кој украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа серија состаноци со странски лидери. Меѓу нив е и пакетот помош од 700 милиони евра од Германија, кој, како што вели, вклучува 25 тенкови Леопард 1А5. Тој, исто така, ги поздрави пакетите помош од Франција, Велика Британија, Холандија, Канада и Норвешка, како и од Австралија, земја која не е членка на НАТО.

Лидерите на Алијансата во Вилнус кажаа дека Украина, која беше нападната од Русија, во одреден момент во иднина ќе може да се приклучи кон воената алијанса, потсетуваат британските медиуми. Тие не упатија моментална покана, но ја уверија Украина во нивната непоколеблива поддршка и ветија дека ќе испратат поголема воена помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…

Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!

Украина изврши ракетни напади врз објект на…