Османи: На ВМРО-ДПМНЕ им понудивме ДУИ да излезе од Владата веднаш штом се изгласаат уставните измени

t

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во емисијата 24 анализа рече дека разговараат со опозицијата и таа имала неколку неконзистентни позиции.

– Првото барање беше ДУИ да излезе од владата за да ги поддржат уставните измени, второ барање беше да се оди на предвремени парламентарни избори, трето за нова преговарачка рамка четврто барање на гаранции од ЕУ. Ние решивме сите нивни барања да ги исполниме. ДУИ да излезе од владата понудивме веднаш кога ќе се изгласаат уставните измени заедно со предвремени избори. Бараа гаранции од од ЕУ, излезе канцеларот Шолц од намоќната држава на Унијата и рече дека тој гарантира. Бараа нова преговарачка рамка, отидоа во Брисел и се вратија без ниту една изјава, бидејќи сите им рекоа дека нема подобар договор и не може да го смените. Брисел дојде во Скопје, а да им каже дека нема подобар договор и дека никој не може да смени запирка од преговарачката рамка. Изгласана е од 27 земји и за да се смени, тие треба да изгласаат, вклучувајќи ја и Бугарија. Нема да се смени никогаш преговарачката рамка. – рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…