Тетовец лишен од слобода: Полицијата најде огромна сума на парти и златни лири!
Полициски службеници на СВР Тетово во содејство и координација со Девизниот инспекторат на Министерството за финансии, денеска (14 јули) околу 12 часот, на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово, го лишиле од слобода 65-годишниот А.Ш. од тетовско Слатино.
Тој се сомничи за „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ и за „неовластено продавање или купување на готовински странски пари и платежни средства и чекови“, согласно членовите 54 и 55 од Законот за девизно работење. Во неговото возило „фиат панда“ со тетовски регистарски ознаки и во неговиот дом, со судска наредба, извршен е претрес, при што во возилото и кај него пронајдени се: 5.815.150 денари, 28.575 евра, 1320 франци, 1000 долари и 5 златни лири. Парите, златните лири и возилото со потврда се одземени, а А.Ш. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЖАС: Тетовец ја претепал сопругата од која…
Ноќеска десетина минути по полноќ, полициски службеници…
Внатрешните несогласувања во ЕУ се пречка за…
Компромисот во блокот е попречен од подемот…
САД: Немаме повеќе пари за финансирање на…
Американската влада нема повеќе пари за финансирање…
Денис Шмигал соопшти дека Украина ја доби…
„Украина ја доби деветтата транша од макрофинансиската…
Тетовец лишен од слобода: Полицијата најде огромна…
Полициски службеници на СВР Тетово во содејство…