Пристигна и информации од МНР: Познато е името на хотелот во кој се случила ликвидацијата
По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Македонија.
Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос.
Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, велат од МНР.
Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, пишуваат грчките медиуми.
Околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен е мртов, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.
Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмениот апартман во којшто престојувале и пукале во нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…
Затвор за лажни вести што ќе го…
Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Нови правила за патување во Европа од…
Граѓаните на Македонија, како и на другите…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…