(Видео) Ова се првите слики и снимки од местото на злосторството во Хаклидики!

t

Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики.

Овој инцидент се случил околу 3:30 часот, во нивното изнајмено сместување. Според очевидци, две непознати лица со качулки кои пристигнале до апартманот со мотоцикл биле одговорни за нападот.

На 112 се јавило непознато лице и се пожалило дека некој вика помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнал на местото на настанот, веднаш била повикана интервентна помош и лицата биле пренесени во Здравствениот дом Касандра.

Едниот од застреланите, на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на местото на настанот.

Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди, моментално во болницата Полигирос.

Грчките медиуми пренесуваат дека починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.

Мотивите за овој настан се засега непознати, а полицијата во Полигирос спроведува прелиминарна истрага.

Oва се првите снимки и фотографии од местото на злосторството за кое грчките медиуми пишуваат дека е мафијашка пресметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…