(ВО ЖИВО) Се развива бајракот на Галичка свадба, се играат ората „Невестинско“ и „Тешкото“, симбол на непокорот

t

Викендов се одржува јубилејното 60-то издание на Галичка свадба. Овогодишениот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид.

Врвот на бајракот денеска се кити со цвеќе, а потоа се развива. Зетот го става на „перде“ од десната страна на куќата и се „фрла“ пушка.

Во 20 часот топаните ќе тргнат кон куќата на зетот, а тој со братот и побратимите ќе тргнат кон мостот каде ќе се сретнат.

Со сито на глава и бокал во раце, со блиските роднини, сверквата води оро. Потоа ќе се изведат ората „Невестинско“ и „Тешкото“ кои се симбол на пркосот и непокорот.

Поворката од свадбари со борини и факели одат од куќата на зетот до куќата на невестата, а потоа заедно со неа одат на три чешми да наполнат вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…