Истрага за корупција за најмалку пет министри и еден заменик-министер во косовската Влада
Антикорупциската работна група на косовската полиција во моментов води истрага против најмалку пет министри и еден заменик министер во Владата на Албин Курти, пишува Телеграф.
Според извештаите, се води истрага против министерот за финансии Хекуран Мурати во врска со случајот со штетата на просветните работници.
За овој случај е поднесена кривична пријава, кој го истражува Работната група. Мурати бил поканет од Работната група да биде сослушан како осомничен, но тој одбил барајќи да биде сослушан во неговата канцеларија. Истражителите не го прифатија барањето на Мурати.
Останува да видиме како и каде ќе сведочи министерот за финансии во наредните денови, пренесува Телеграф.
На списокот што го истражува Работната група е и министерката за надворешни работи Доника Гервала. Таа, заедно со заменик-министерката Лиза Гаши, е осомничена дека доделила нешто повеќе од еден милион евра за давање услуги на „Каритас“, кој беше ангажиран од невладината организација Гермин, во која Лиза Гаши беше директор пред да стане заменик министер. Досега на „Каритас“ му се исплатени 344.000 евра.
Министерот за локална самоуправа Елберт Красниќи треба да биде сослушан од Работната група за злоупотреба на службената положба, бидејќи се сомнева дека незаконски се потрошени 300.000 евра за проекти за малцинствата.
„Под лупа“ на Работната група е и министерката за економија и претприемништво, Розета Хајдари, поради сомневање за злоупотреба на државни средства, во врска со набавката на брашно и масло, со што е оштетен државниот буџет.
Министерот за култура Хајрулу Чеку, заедно со уште неколку високи функционери на тоа министерство, бил сослушан од Работната група, под сомнение дека ова министерство доделило договор за консултантски услуги од над 130.000 евра, а ангажираниот консултант добива 5.550 евра месечно.
Не истражено не остана ниту Министерството за инфраструктура на чело со Љибурн Аљиу.
Антикорупциската работна група во тоа министерство покрена истрага против заменик министерот Хисен Дурмиши во врска со тендерот за билети, кој по потпишувањето беше повлечен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…