Добро утро со Инфомакс: Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот
Мирка Гинова (во грчка варијанта – Ирина Гинис) е родена во сиромашно семејство во Русилово, мало село со околу 60 семејства, во близината на Островско Езеро, Воденско.
Таа е борец од времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се борела против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини.
На двегодишна возраст, останала без својата мајка (која умрела од грип), со што ја почувствувала сета горчина и страдања во животот. Основно училиште завршила во селото Катраница. Нејзиниот татко – Костантин Гинов, иако сиромашен, согледувајќи ја нејзината жед за знаење, со малку средства ја испратил на курс за учителки во Костур. По завршувањето на курсот за учители, Мирка подолг период се обидувала да се вработи, но шест години фашистичкиот режим на Метаксас ја попречувал да најде вработување. Имено, во овој период, диктаторскиот режим со крајна бруталност ги прогонувал Македонците, третирајќи ги како граѓани од втор ред и интернирајќи ги по пустите острови. Пред почетокот на Грчко-италијанската војна (29 октомври 1940 година), таа била назначена за учителка во едно село во Воденско. Мирка Гинова целата своја љубов ја насочила кон децата и за кратко време ја стекнала нивната доверба и почит, а целото село ја прифатило како нивна.
Еден грчки војник, кој присуствувал на чинот на стрелањето на Мирка и нејзините соборци и другари, ги забележал последните мигови на Мирка Гинова. Во писмото испратено до нејзиниот татко, тој напишал:
„…Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните, смело, пеејќи и сите присутни се зачудивме. Во 5.30 ѝ се доближив и прашав дали сака нешто да им напишам на родителите. А таа ми рече: ‘Ако милувате, пишете му го на татко ми следното: ‘Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот‘. Беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност. А исто така и другите шестмина, но, повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравувам јас, еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка…”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…