Путин се закани: Следи одговор!
Извршен е терористички напад на мостот на Крим, дете остана без родители, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој зборуваше на седницата на Советот за безбедност на Русија.
Според рускиот лидер, ќе се утврдат сите околности околу нападот на мостот, пренесува Спутник.
„Реакцијата на Русија секако ќе следи“, предупреди тој и додаде дека Министерството за одбрана подготвува одговор.
Путин истакна дека „добрата вест“ е што столбовите на мостот на Крим не се оштетени, „и тоа е најважно“.
Дополнително, потребно е да се процени штетата од нападот и што побрзо да се поправи мостот.
Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин, кој лично пешачеше по мостот по инцидентот, рече дека се оштетени патните и железничките делови од мостот. Тој додаде дека столбовите на мостот се недопрени. На делницата за автомобили нема сообраќај, на железничките возови сообраќаат според возниот ред. Според Хуснулин, една пруга претрпела мала штета, што не влијае на движењето на возовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…