Објавено на:

Стоилов ја заврши кариерата, но останува со функција во Вардар!

t

Дел од „рестартот“ на РК Вардар и од новата раководна структура ќе биде и Стојанче Стоилов. Иконата на клубот ја завршува играчката кариера, но ќе се посвети целосно на заедничкиот поход за враќање на црвено-црниот клуб на трофејни височини.

На денешната прес-конференција, Стоилов потврди дека ќе продолжи како помошник на Владо Недановски во првиот тим, но и како координатор на младинските категории на Вардар. Во неговиот тим ќе бидат Даниела Тасевска и Киро Атанасовски како тренери на кадетските и пионерските екипи.

„Знам дека сите што се со мене на масава тука се затоа што го сакаат Вардар, сакам да работам со такви луѓе, што му мислат добро на Вардар. Јас сум видел многу убаво во Вардар, но во последниве години не беше добро, како што кажа и Михајло без ветена помош од многу субјекти, дури и со опструкции. Меѓутоа мислам дека сега ќе имаме малку повеќе време да ги видиме работите од еден друг агол со нови улоги со Борко. Сакаме да го вратиме Вардар каде што му е местото, да биде шампион на Македонија и да игра во ЛШ. Не велам дека ќе брзаме и дека тоа ќе биде веднаш, но чекор по чекор, со многу работа ќе се обидеме да го вратиме каде што треба“, изјави Стоилов.

За неговата нова улога зборуваше со визија и со желба.

„Годинава јас ќе бидам координатор на младите категории. Низ годиниве се запоставија младинските категории и сакаме тој пропуст да го смениме, сакаме да работиме со младите. Ракометот беше спорт број еден во Македонија и многу деца го сакаат клубот и сакаат да бидат со нас“, додаде пивотот.

Стоилов беше играч на Вардар 12 години, од 2011 до 2023 и во тој период освои осум шампионски титули, девет пехари во купот, пет титули во СЕХА-лигата и се разбира, двапати го крена трофејот во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Драматична снимка од пожарот во Хрватска:…

Додека се проценува штетата во областа Омиш…

(Видео) Вучиќ: Се обидов да го измијам…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави на…

Дали златото ќе мине 4500 долари за…

На пазарот на злато утрово не се…

Трамп му нареди на Пентагон да ги…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително…

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци –…

Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила во…