Исмет Гури оди во „Шутка“, одреден му е 30 дневен притвор

t

Притворот од 30 дена им го одреди судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Ова доаѓа откако Обвинителството ја побара оваа мерка поради можност за бегство, влијание на сведоци, уништување докази.

„Обвинителот, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе му предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, а за другите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката“, велат од Обвинителството.

Гури и другите две лица, кои се осомничени за даночна проневера, беа спроведени со три полициски возила и десетина полицајци во притвор. На решението имаат право на жалба.

Исмет Гури е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури бил раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

На Арон Орбан му е одреден едномесечен…

Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…

Цената на електричната енергија за домаќинствата во…