Објавено на:

Приведен 25-годишен жител на Виничани, прегазил сожител

t

Полициски службеници од СВР Велес попладнево го лишиле од слобода 25-годишниот С.К. од село Виничани, општина Градско. Тој во селото со патничко возило „фиат панда“ со велешки регистарски ознаки удрил во 43-годишниот А.Ц. од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот, информира за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен.

Настанот се случил денеска меѓу 15 и 16 часот. Полицијата кратко време по настанот го привела 25-годишниот С.К.

– По целосно документирање на случајот против С.К. ќе следи соодветна пријава, најави Самарџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…

Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…

Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…

116 години од раѓањето на Мајка Тереза

На денешен ден, пред 116 години, во…

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…