Прв пат во историјата на македонското здравство: Срце од донор почна да чука во градите на 40-годишен скопјанец, нова шанса за живот добиваат уште тројца пациенти

t

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт, известува Министерството за здравство.

– Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40-годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, соопшти МЗ.

Од Министерството упатуваат благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

На Арон Орбан му е одреден едномесечен…

Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…

Цената на електричната енергија за домаќинствата во…

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…