Арсовска: Скопје се развива рамномерно, увид во градежните работи во Шуто Оризари
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска, денеска изврши увид во градежните работи на улицата 40 во Шуто Оризари.
-Денеска извршивме увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари. Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги започнаа градежните активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува инфраструктурата во општината и се решаваат долгодишните проблеми во овој дел од градот.
Град Скопје во подготовка е да отпочне со градежни работи и на улицата 50 со што се овозможува подобрување на дел од сообраќајниците кои се од витално значење за граѓаните на оваа општина. Главна цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…