Добри вести: Пелетите сепак нема да поскапат!?
Најавија дека преку Амандман на законското решение, ќе предложат стапката на ДДВ за пелети да остане на сегашните 5%, наместо како што првично беше предвидено да се зголеми на 18 отсто.
„ Сметаме дека греењето на пелети има позитивно влијание во намалување на домаќинствата што се греат на огревно дрво, а со тоа и намалување на аерозагадувањето, заштита на животната средина и заштита на шумскиот фонд на државата.Го слушаме гласот на граѓаните, продолжуваме да работиме во нивен интерес и да носиме мерки и решенија што го унапредуваат квалитетот на живот на секој поединец.“ Ненад Коциќ, пратеник СДСМ.
Комисиските расправи по овој, но и останатите закони од даночната реформа како и Солидарниот данок се закажани за в понеделник.
Стопанската комора и денеска побара законот за Солидарниот данок да биде целосно повлечен. Доколку сепак се изгласа ќе бараат претседателот Пендаровски да не го потпишува, а најавија дека ќе го оспорат и пред Уставниот суд.
„Ќе искористиме сите средства и кај Претседател и кај Уставен, ќе одиме до крај сметаме дека ни се издфржани аргументите. Сите демократски механизми, за во конструктивна дебата да докажеме..Не смее да се злоупотребува. Овие фимри се докажале дека се солидарни.“ кажа Бранко Азески, претседател на стопанска комора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…
Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…
Цената на електричната енергија за домаќинствата во…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…