Нови детали: И МВР постапува по случајот „Труст“, собира податоци за возилата и механизацијата на Трансмет
Откако ДКСК ја презентираше шемата и хронологијата за случајот Труст, нагласувајќи дека опремата и механизацијата на компанијата Трансмет, во текот на судската постапка против бизнисменот Сеад Кочан наместо да се конфискува, завршила кај новоформирани фирми, блиски до семејствата Кочан и Јахоски од Пуцко Петрол, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тврди дека МВР ги презема сите дејства согласно нивните надлежности.
-Тоа барање што е доставено до МВР, по него постапуваат службите и ќе имаме точно сознанија и евиденции за тоа со податоците со коишто ние располагаме. Инаку конфискацијата подразбира пресуда во која точно се наведува што е тоа што треба да се конфискува и Агенцијата за одземен имот врз сонова на тоа треба да ги преземе сите дејствија дали се однесуваат, дали се однесува на возила, на опрема, на згради. Тоа што е наша надлежност, тоа што е до нас да ги обезбедиме податоците, ние тоа ќе го направиме врз основа на тоа што го бараат институциите, рече Спасовски.
И ДКСК изрази сомневање дека блиски луѓе до Кочан оставарувале приход од изградба на патишта и автопати и цело време се користела опремата која судот не успеал да ја конфискува од Трансмет.
Поради неспроведената конфискација и зделките меѓу фирмите кои сега располагаат со опремата на Трансмет казните кои сообраќајната полиција казните ги праќа до стечајниот управител на Трансмет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…
Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…
Цената на електричната енергија за домаќинствата во…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…