Град Скопје изгласа помош за ФК Вардар
Советот на градот Скопје со 34 гласа „за“ и еден воздржан денеска изгласа финансиска помош за најтрофејниот македонски клуб Вардар.
Иницијативата за помош на ФК Вардар ја поднесе докторот Никола Пановски, но ја подржаа безмалку сите советници и со 34 гласа ја изгласаа иницијативата, со усвоен заклучок со кој се овластува градоначалничката за издвојување на сума на пари за помош и изнаоѓање на најповолниот начин како да се реализира оваа помош.
Ова е втора иницијатива на град Скопје за помош за ФК Вардар, зашто пред повеќе од осум месеци имаше иста ваква помош со ребаланс на буџет, кога беа изгласани 250.000 евра, но тогаш сето тоа не помина во Mинистарството за финансии, па парите практично и не завршија во клупската каса.
Пред да дојде точката за помош на Вардар, советниците изгласаа амандман за ребаланс на буџетот за оваа 2023 година, со кој дополнителни 12 милиони денари (200.000 евра) се префрлаат во секторот спорт за поддршка на спортските клубови на територијата на град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…
Првичните резултати на Државната изборна комисија од…
Нови протести во Париз пред обраќањето на…
По мирното утро, улиците на Париз повторно…
Немирите се шират низ Италија, малолетници се…
Мирните протести во Италија против високите трошоци…
Проектил погодил гасна инфраструктура при вежба? Нови…
Експлозијата и смртоносниот пожар во канадската воена…
Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…
Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…