Објавено на:

Детали од сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија: Загина жена од Германија

t

Жена од Германија загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Неготино – Демир Капија.

Според информациите, повредени се и две малолетни сопатнички, исто од Германија.

– Денеска (20.07.2023) во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…

Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…

Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…

116 години од раѓањето на Мајка Тереза

На денешен ден, пред 116 години, во…

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…